| четврток, 6 декември 2018 |

Украина формира бригада за заштита на областа Буковина од Романија

 roman
Нова бригада се формира во Буковина за заштита од можни претензии на Романија врз овој регион, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на началникот на оперативната команда „Запад“ полковник Виктор Кевлок и идниот командир на бригадата подполковник Василиј Зубанич.

Изјавата е дадена пред новинари во Ивано-Франковск, град во југозападниот дел на Украина.

Министерот за одбрана на Украина донел одлука за формирање на нова планинска оперативна бригада под број 10. Зоната на нејзино распоредување е Коломија. Главна цел на создавањето на бригадата е заштита од хипотетички територијални претензии врз Буковина од страна на Романија.

Спроед планот формирањето на единициата треба да заврши до 30 октомври.

Регионот Буковина моментално е поделен на два дела. Јужниот потпаѓа под управа на Романија, а северниот на Украина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top