Живата легенда на Рома, Принцот од Рим, Франческо Тоти, викендов со голот против Сасуоло стигна до голем јубилеј, 300 гола во дресот на Рома.
Тој порача дека му е драго што стигнал до олку голема бројка во дресот на неговиот клуб Рома, но потсети дека тоа е безначајно ако екипата не победува. Тоти дополни дека се надева на победа на неговата екипа в среда, кога се игра вонредното коло во Серија А против Џенова.
– Триста постигнати гола не ми значат ништо. Тоа е навистина добра бројка, но повеќе би се радувал доколку победевме против Сасуоло. Во фудбалот головите што ги постигнува комплетниот тим се многу позначајни од поединечните и тие што јас ги постигнав. Ќе бидам среќен доколку в среда ја победиме Сампдорија. Насочени сме кон тој дуел и единствената цел ни е победа – изјави Франческо Тоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.