| четврток, 6 декември 2018 |

Спас во последен час за сопственикот на Наполи (видео)

aurel

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис беше спасен во последен час од сигурна смрт, откако се запали јахтата со која пловеше по Средоземното море. Несвесно целиот настан го сними Фабио Канаваро, поранешниот фудбалер на Наполи и италијански репрезентативец.

„Не знаев за што станува збор, само видов како гори јахта. Подоцна дознав дека на неа е Аурелио“, изјави Канаваро.

 

Со помош на хеликоптер Де Лаурентис и неговото семејство беа извлечени од јахтата, која во добар дел веќе беше зафатена од пламените јазици.

„Не знам што се случи. Веројатно имаше проблем со спој на електрониката на јахтата. За среќа навреме реагираа спасувачките екипи“, рече Де Лаурентис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top