Борусија Менхеглдабах остана без тренер по оставката која си ја поднесе Швајцарецот на клупата Лусиен Фавре вчера по саботниот пораз од Келн во петтото коло од Бундеслигата.
Минатата сезона Борусија беше хит во првенството и заврши на третото место и избори пласман во Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак по пет кола во Германија, екипата има нанижано истотолку порази, со само два постигнати гола.
– Сфатив дека во оваа ситуација најдобро е јас да се повлечам. Повеќе не чувствувам дека јас сум најдобриот тренер за Менхенгладбах. Имав привилегија да го водам клубот од дното во Бундеслигата до Лигата на шампиони. Имавме некои навистина прекрасни моменти – изјави швајцарскиот стратег по поднесување на оставката.
Фавре дојде на клупата на тимот во февруари 2011 година кога успеа да избори опстанок со тимот преку бараж натпреварите а во следните четири ипол години од овој просечен тим успеа да направи редовен учесник во европските купови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.