Заради прогонство во 105 држави, христијаните се најпрогонетата верска група во светот. Меѓународната хуманитарна организација „Хрисчан Фридам Интернешанал“ објавува дека на секои пет минути со маченичка смрт умира по еден христијанин. Џим Џејкобсон, претседателот на организацијата посочи дека најголемо прогонство врз христијаните вршат милитантите од ИСИС на Блискиот исток.
-Тие ги користат христијанските цркви како простории за мачење каде ги присилуваат христијаните да го прифатат исламот или да ги убијат. Исто така, ги ограбуваат христијанските реликти кои се шверцуваат и се продаваат на западните колекционери и така ги финансираат своите терористички активности- вели Џејкобсон. Џихадистите присилно ги иселуваат и масовно ги убиваат христијаните и другите верски и етнички групи како Језидите, Курдите, Теркмените и Шабаците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.