| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе на стазата си се прошета иако покрај него летаа болиди со 300 на саат (видео)

singapur

Трката во Сингапур во рамките од Формула 1 ја одбележа бизарен инцидент во кој еден навивач одлучи да се симне од трибините и прошета по патеката „Марина Беј“.
Посетителот со рацете в џеб помина повеќе од 100 метри на еден правец на кој болидите развиваат и повеќе од 300 километри на час.
Веднаш штом е забележан на стазата во 37.круг, организаторот за кратко ја суспендира трката, а на патеката излезе и безбедносното возило.
По ова „лудиот“ навивач ја прескокна оградата и се одалечи од стазата. Воопшто не е јасно како успеал да стигне до таму познавајќи ги сите ригорозни мерки за заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top