| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена лажна докторка во Кавадарци

lekari

Дваесет и седумгодишна девојка доби кривична пријава и отказ откако било утврдено дека со фалсификувани документи си обезбедила работа во Здравствениот дом во Кавадарци, јави „Канал5“.
Таа во болницата го приложила уверението за положени испити, со висок просек, од Медицинскиот факултет во Скопје и лиценцата од Лекарска комора, кои биле заверени на нотар, па затоа менаџерите на ЈЗО не се посомневале и ја ангажирале со договор за работа на дело во Брза помош.
Кавадарчанката не вршела интервенции, туку како почетник претежно работела административни работи и асистирала при полесни зафати под надзор на дежурен лекар.
Измамата била откриена пред два дена кога во болницата се појавил здравствениот инспектор и ги побарал документите за работното ангажирање на лекарката, по што било утврдено дека тие биле фалсификати.
Во доказите од Медицинскиот факултет стоело дека девојката стигнала до четврти семестар и воопшто ја немало во евиденцијата на лекарското здружение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top