| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Топ 5 голови и одбрани во премиерното коло (видео)

egert

 

По комплетирање на првото коло од ракометната Лига на шампиони во кое имаше неколку изненадувачки резултати со што се покажува дека нема фаворити и секој секого може да победи, вообичаено да се одберат најдобрите пет одбрани и голови.
Најубавиот гол го постигна Андрес Егерт од Фленсбург кој со 13 гола го потопи скапиот тим на ПСЖ и заслужено славеше победа. Тој на додавање на вен Хансен со „цепелин“ го совлада Тиери Омејер.

Најубавите пет гола во ЛШ изминатиот викенд можат да се видат на следниот ЛИНК.

Истотака крајно интересно беше во изборот на најдобри пет одбрани. Иако голманот на Вардар, Арпад Штербик беше најдобар со 18 одбрани и е меѓу најзаслужните во својата екипата за големата победа на гостински терен кај Монпелје, тој не се најде на листата на која заслужено на првото место се најде Жерар од Монпелје кој го одбрани контранападот на Тимур Дибиров. По него следуваат Алиловиќ, Андерсон, Шариќ и Кациганис.

Најдобрите одбрани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top