Папата Франциско се сретна вчера со поранешниот кубански лидер Фидел Кастро во неговиот дом во Хавана, изјави портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.
Средбата траела 30 до 40 минути и според Ломбарди таа минала во неформална и релаксирачка атмосфера, во присуство на сопругата на 89-годишниот Фидел Кастро, Далија Сото дел Ваје, неговите деца и внуците.
Тие двајцата разговарале за различни теми, меѓу кои и за животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.