Навивачите на Марсеј немаа почит за некогашниот љубимец и играч на тимот, Матје Валбуена, и направија скандалозен чин на дербито со Лион. Екстремните симпатизери „обесија“ кукла со ликот на Валбуена, кој сега е член на Лион, а претходно 8 сезони настапуваше за Марсеј.
Мечот веднаш беше прекинат, но потоа продолжи и заврши нерешено, 1-1. Валбуена играше за Марсеј од 2006 до 2014 година, беше и капитен на тимот од Велодром, а потоа една сезона настапуваше за Динамо Москва. Летово се врати во француското првенство и настапува за Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.