| четврток, 6 декември 2018 |

Македа: Се е добро кога добро ќе се заврши

По мечот од првото коло во Лигата на шамионите меѓу Монпелје и Вардар кој го добија „црвено-црните“ со 30-25, тренерот на вардарци, шпанскиот стратег Раул Гонзалес на прес-конференцијата беше задоволен од резултатот и стартната победа во пеколното темпо кое ќе следи во насилното европско натпреварување.

Raul Gonsales (Custom)

– Многу сме задоволни со резултатот, тешко е да се игра овде. Ова беше прв меч во Лигата на шампионите и беше комплицирано. Монпелје има проблеми со повредени играчи и уморот ги стигна во второто полувреме. Имавме многу време да се подготвиме за овој меч, а тоа ќе ни користи и во иднина – рече Раул Гонзалес.

makeda

Новиот играч кој дојде во редовите на Вардар, Шпанецот Хорхе Македа одигра маестрален натпревар за новиот тим постигнувајќи шест гола од исто толку обиди, а беше и фантастичен во дефанзивните задачи. Тој се надоврза на неговиот сонародник Гонзалес и напомена дека ова е само почеток на пеколното темпо кое следи.

– Моравме многу напорно да работиме за да го изедначиме резултатот. Загубивме многу топки и направивме многу грешки, но за среќа се заврши добро за нас. Треба да продолжиме во ист ритам бидејќи не чекаат многу тешки натпревари – изјави Хорхе Македа

Во второто коло од Лигата на шампионите, в недела Вардар во Скопје ќе го пречека унгарскиот тимПИК Сегед кој денеска славеше против Киелце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top