| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвената фурија“ најсилно дува на стариот континент, во финалето на Евробаскетот ја победи Литванија

FIBA EuroBasket 2015

По третпат на последните четири Европски првенства во кошарка, Шпанија се заќити со златниот медал откако ви финалето, многу лесно ја победи Литванија со 17 коша разлика (80-63).
„Црвената фурија“ одлично ја истемпира формата за завршницата на Евробаскетот откако едвај ја мина групната фаза со два порази во групата во Берлин.
По Гасол и другарите уште од самиот почеток од мечот покажаа дека Литванија нема што да бара во големото финале.
Иако играа без четворица првотимци, Марк Гасол, Серхи Ибака, Рики Рубио и Хозе Калдерон пред По Гасол и останатите треба да се поклонат сите репрезентации.

FIBA EuroBasket 2015

Иако не важеа за главни фаворити за освојување на златниот медал, Шпанците уште од самиот почеток во финалето по само неколку минути дојдоа до двоцифрена предност (17-6) која не ја испуштија до самиот финиш.
Предводник на шпанската „фурија” беше По Гасол со 25 поени, 11 скока и 4 асистенции и со право беше прогласен за МВП на ЕП. Фернандез реализира 11 поени, додека Љуљ постигна девет. Кај Литванците, Сеибутис и Калниетис постигнаа по 13 поени, а Валанчиунас заврши со 10 поени.
Во најдобриот состав на ова Европско првенство покрај Гасол, се најде и неговиот соиграч Серхио Родригез, Литванците Валанчиунас и Мациулис и Французинот Нандо Де Коло.

FIBA EuroBasket 2015

Бронзениот медал заврши на градите на домаќинот Франција, која во малото финале беше подобра од Србија. Следното првенство ќе се одигра за две години, а домаќинот ќе биде одреден во декември годинава и ќе биде последно по стариот начин на квалификации. Шампионатот по овој ќе биде дури во 2021 година, а до него ќе се стига преку 15-месечни квалификации, кои ќе се одиграат во период од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top