Пет месеци СДСМ објавуваше туѓи приватни телефонски разговори и создавајќи сопствена политичка заработка, кршејќи го законот. Пет месеци од тие незаконски стекнати туѓи телефонски разговори слушнавме како некои функционери на ВМРО-ДПМНЕ во проватните разговори кажале некој коментар или оговарање за свој колега, и за СДСМ и за соросоидите тоа било нечовечност, пишува „Вечер“.
Потоа, дојдоа преговори за решавање на кризата која СДСМ ја создаде. Помеѓу останатото се преговараше помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и дипломатите од Вашингтон и Брисел кој ќе биде специјален јавен обвинител за да ги истражува содржините на телефонските разговори кои СДСМ, според своја селекција, ги објавуваше.
Најпосле, се избра специјален обвинител во ликот и делото на гевгелиската обвинителка Катица Јанева. Со заедничка изјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и дипломатите не известија дека тоа е избор на сите три страни. И, таман помисливме дека конечно се е во ред, еве проблем од соросидите и од СДСМ – на професорот Гордан Калајџиев му било ветено од Заев дека тој ќе биде специјален обвинител, иако изборот не е негова одлука туку предмет на преговори.
– Сега, без мене, СДСМ направи самоубиство и ќе ги загуби наредните избори… изјави Гордан Калајџиев, и му пиша крст на Заев и партијата. Штом не сум јас, нека пропадне се е логиката на Калајџиев.
Одеднаш, од ТВ разговорот на Заев со Оливера Трајковска Заев не информира дека имало и многу телефонски разговои во кои тој ги навредува и оговара сопартијците, не било тоа специјалитет само на ВМРО ДПМНЕ.
Заев, патем, призна дека издавал многу избрзани партиски одлуки и наредби по телефон… а ги обвинуваше Груевски и Мијалков за тоа. Што се друго сокриле Заев и СДСМ од своите телефонски разговори, што ние не слушнавме? Штом Заев, Калајџиев и Трајковска ова го признаваат јавно, можете само да претпоставите што сокриле од нас!
Сето ова, а и повеќе од ова- погледнете во видеото во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.