| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со победа ја стартуваше ЛШ, очекувано тешко го мина Монпелје

Најдобриот македонски ракометен тим, Вардар со победа ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ тирумфално минаа низ Мопелје победувајќи го 30-25. Иако победата е извојувана со поголема разлика, силите на теренот беа крајно израмнети во текот на целиот натпревар а двата тима добија по едно полувреме.
Во првиот дел Монелје беше тимот кој имаше инициатива и со брзи контри и гранитна одбрана предводена од голманот Жерар имаше водство и до пет голови разлика (8-3) за на крајот по 30 минути игра вардарци да ја намалат големата негатива на три гола (12-9). Во овој период од играта ништо не им одеше од рака на избраниците на Раул Гонзалес. Промашуваа чисти зицери, удари од седум метри. Индивидуалните квалитети кои ги поседуваат вардарци ја држеа неизвеста на резултатот.
Во вториот дел како да излезе сосема друг Вардар на теренот. За само осум минути игра направи серија од 8-2 и го презема водството кое не го испушти до крајот. До половината на второто полувреме гостинската екипа имаше и предност од пет голови разлика (20-15) со серија од 11-2. Во овој период Дибиров кој беше непрознатлив во првиот дел како да сакаше да покаже дека имаше само неколку „лоши“ минути и со неколку контри го одведе својот тим во водство. На голот царуваше Штербик кој успеа набрзина да наниже шест одбрани во серија, а во тоа му помогна одбраната составена од Абутовиќ, Лацковиќ и Тоскиќ.
Сепак домаќините не се предадоа и по тајмаутот се созедоа и набрзина постигнаа четири гола во серија и ја намалија негативата на само еден гол.

vardar-monpelje-9

До крајот на натпреварот двата тима одиграа добро во нападот и разликата на Вардар се движеше од еден до два гола се до 57 минута кога Арпад Штербик успеа да фати две топки по ред (вкупно 17) на овој натпревар и да му овозможи на својот тим водство од три разлика, која до крајот на натпреварот со голот на Македа стигнаа до конечниот резултат од 30-25.

Шпанецот кој беше доведен ова лето во составот на „црвено-црните“ одигра одличен натпревар, беше фантастичен во нападот со шест гола со сторпоцентен учинок, а во одбраната беше непробоен столб заедно со останатите играчи.
Дибиров се извади за лошото прво полувреме и мечот го заврши истотака со шест голови. Тоскиќ беше стрелец на пет.

Во следното коло Вардар на домашен терен го пречекува Пик Сегед во недела од 17.30 часот, кој во првото коло успеа да направи мало изненадување славејќи против Кјелце со 31-30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top