| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти влезе во „клубот 300“, но Рома не успеа да стигне до победата, Јуве рутински до трите бода (видео)

toti

Франческо Тоти е вистински „император“ во Рим. Тој влезе во историјата на клубот откако успеа со денешниот гол против Сасуоло да влезе во „клубот 300“.

Рома во денешниот дуел не успеа да стигне до трите бода откако одигра само 2-2 на „Олимпико“. Сасуоло одигра одличен натпревар непрепуштајќи и ја играта на „римската волчица“.
Гостите уште во првиот дел дадоа два гола и двапати беа во водство, но Рома израмни и се очекуваше да дојдат до целосен пресврт во вториот дел, но тоа не се случи. Головите за Сасуоло ги постигнаа Дефрел и Политано во 22 и 55 минута. Рома успеа со головите на Тоти во 36 и Салах во 49 да дојде до еден бод.

CFC Genoa 1893 vs Juventus FC

Актуелниот Шампион Јувентус на гостувањето кај Џенова дојде до првата победа оваа сезона во четвртото коло од 2-0 против тимот на Горан Пандев. Македонскиот интернационалец влезе во игра во 57 минута, но не успеа да му помогне на својот тим и да постигне гол.
„Старата дама“ славеше со два гола, од кој првиот беше автогол на Ламана, а вториот на Погба од пенал во 60 минута.

Интер продолжува со одиличните игри во новиот шампионат во Италија. По четири кола „нероаѕурите“ се наоѓаат на челот на табелата со 12 бода. Во денешниот натпревар Интер славеше минимално со 1-0 на гостински терен кај Киево.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Аталанта – Верона 1-1, Болоња – Форсиноне 1-0, Торино – Сампдорија 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top