| четврток, 6 декември 2018 |

Гајиќ: Вардар има желба да игра на Ф4, но ќе се обидеме да го спречиме тоа на домашен терен

Македонскиот шампион РК Вардар денеска со почеток од 17 часот ја започнува новата одисеја во Лигата на шампионите на гостински терен против секогаш незгодната екипа на Монпелје.
Олеснителна околност е неиграњето на Гребиј и Кавтичник кои минатата сезона им создаваа големи главоболки на вардарци. Сепак главна фигура во францускиот вицепрвак е Словенецот Драган Гајиќ, кој мора да биде запрен доколку се сака да се стигне до позитивен резултат на ова тешко гостување. Гајиќ изрази комплименти за тимот на Вардар, но сепак напомена дека неговиот тим е подготвен да го изненади македонскиот состав во првото коло од новата сезона.

– Вардар има силен состав кој е дополнително засилен со неколку нови имиња за оваа сезона. Тие се тим што сакаат да игра на Ф4 во Лигата на шампионите, мислам дека тоа доволно говори за нивните квалитети. Сепак, многу работи на денешниот меч ќе зависат од нас самите, бидејќи ако одиграме интелигентно, мислам дека можеме да му ги замрсиме сметките. Македонскиот тим е многу посилен од лани. Го зеде Македа, а на крилната позиција се засили со Манасков иако го имаше Дибиров. Тоа е доволен доказ за амбициите на Вардар, но ќе повторам, нема да му биде лесно на овој тим со нас, верувам дека со добра игра можеме да стигнеме до победа – истакна Гајиќ во пресрет на денешниот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top