Играчот на ПСВ Хектор Морено кој со право е еден од најомразените фудбалери во моментов во светот откако во рамките од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед стартуваше над Лук Шо и му ја скрши ногата, викендов во холандското првенство повторно имаше брутален старт овојпат над играчот на Хераклес, Усама Танане.
Танане, кој беше повлечен од игра, го обвини Морено дека намерно стартувал грубо иако бил свесен дека не можел да стигне прв до топката. За среќа Танане не заврши со посериозна повреда која би го оддалечила подолго време од фудбалските терени.
– Морено знаеше што направи против Манчестер јунајтед, но сепак се реши за нова грубост. Беше свесен дека јас прв ќе дојдам до топкта, но тоа не му пречеше да тргне со груб старт да ме запре – истакна фудбалерот на Хераклес.
Изненадувачки, фудбалерот на ПСВ Ајндховен повторно не доби ниту жолт картон за својата грубост, исто како и за стартот со кој му ја скрши ногата на Лук Шо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)