| четврток, 6 декември 2018 |

Замените на Симеоне му донесоа победа на Атлетико Мадрид (видео)

Eibar vs Atletico Madrid

Еден од аспиратните за првото место на крајот од шампионатот во Примера дивизија екипата на Атлетико Мадрид ја оствари третата победа во четвртото коло оваа сезона, славејќи на гостувањето кај Еибар со 2-0.
Еибар, кој немаше пораз во пресрет на овој викенд, им создаде многу проблеми на „јорганџиите“ во првото полувреме, по што Симеоне на самиот старт од вториот дел ги уфрли во игра Оливер Торес и Фернандо Торес на местата на Вието и на Мартинез.
Петнаесетина минути подоцна, Диего Симеоне го направи вистинскиот потег уфрлувајќи го во игра младиот Аргентинец Кореа на местото на Коке.
Токму Кореа беше човекот на одлука, постигнувајќи го првиот погодок за Атлетико, а потоа и асистирајќи му на Фернандо Торес при конечните 0-2 на овој натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top