Екипата на Милан во последните термин синоќа од 20.45 часот го одигра натпреварот од четвртото коло против тимот на Александар Трајковски, Палермо.
Притисокот од фудбалската јавност кон новиот тренер на Милан Синиша Михајловиќ се намали откако успеа да слави со 3-2 и сега има шест бода од четири натпревари.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 70. минута за Палермо, при резултат 2-1, но не се најде во некоја посериозна ситуација во шеснаесетникот на „росонерите“.
Карлос Бака со два гола беше најсветлата точка за „росонерите“, а третиот беше дело на Бонавентура.
Вториот беше во главна улога во првото полувреме бидејќи му асистираше на Бака за првиот гол, а вториот пет минути пред завршуваше на регуларните 45 минути ги постигна токму Бонавентура со прекрасен гол од слободен удар.
Проблемите кои ги има Михајловиќ во одбраната и на овој натпревар беа очигледи, дозволувајќи му на Хијемарк да даде два гола, и на двапати да го измранува резултатот. Но по водечкиот трет гол на Бака, Палермо немаше сили за целосно изненадување.
Во вториот вчерашен натпревар Емполи славеше на гостувањето кај Удинезе со 2-1 по целосен пресврт на резултатот бидејќи домаќините водеа уште од првиот дел. Емполи ја искористи бројчаната предност во второто полувреме откако црвен картон доби Коне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)