Екипата на Вест Хем уште еднаш докажа дека е вистински „убиец“ на фаворите во Премиер лигата.
По победите над Арсенал и Ливерпул на гостински терен, денеска на колена пред избраниците на Славен Билиќ се најде и фаворитот Манчестер Сити лидерот на табелата и еден од најголемите кандидати за титулата оваа сезона.
„Чеканите“ одиграа маестрален натпревар и по само 30 минути игра имаа водство ов 2-0 со головите на Мозес и Сако.
„Граѓаните“ не се предадоа по почетниот шок и со сите сили се обидуваа да постинат барем еден погодок во првиот дел.
Тоа му успеа на Кевин Де Бруин во судиското продолжение од првиот дел со што го остави во игра својот тим.
Во второто полувреме целосна доминација на екипата на Мануел Пелегрини, но благодарение на одличниот голман на Вест Хем Адријан, резултатот остана непроменет.
Сега по шестото коло Манчестер Сити остана со на врвот на табелата со 15 бода, три повеќе од Вест Хем.
Во останатите денешни натпревари беа постигнати следните резултати:
Челси – Арсенал 2-0, Астон Вила – ВБА 0-1, Бурнемут – Сандерленд 2-0, Њукасл – Ватфорд 1-2, Стоук – Лестер 2-2, Свонси – Евертон 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)