| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид победи против Гранада со голема судиска помош (видео)

Real Madrid vs Granada CF

Екипата на Реал Мадрид прокнижи нова победа во Примера дивизија на „Сантијаго Бернабеу“ победувајќи ја Гранада минимално со 1-0. Единсвениот гол беше дело на Бензема во 55 минута по одличното нафрлување на Иско. Избраниците на Рафа Бенитез не беа голгетерски расположени како во претходните три натпревари кога постигнаа вкупно 15 гола.

Гранада одигра квалитетен меч во Мадрид, а во првото полувреме им беше поништен регуларен погодок на гостите поради наводна офсајд позиција. Кејлор Навас и на овој меч ја сочува својата мрежа и се уште нема примено погодок во оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top