| четврток, 6 декември 2018 |

Американската СиБиЕн: Исламизацијата на Париз е предупредување за светот

islam francijaАмериканската телевизиска станица СиБиЕн во своите вести пренесе сторија од Париз, поточно за однесувањето на муслиманите во земјата каде практикувањето на религиски обичаи на отворено е строго забрането.

Телевизијата пренесе снимка од скриена камера од блокирани улици од молитва на муслиманските верници кои се обезбедени од приватните безбедносни сили. Тоа е нелегално во Париз, но на полицијата и е наредено да не интервенира. Муслиманите “ги блокираат улиците со бариери. Тие се молат на уллица. И жителите на оваа населба не можат да ги напуштат своите домови, ниту да одат во своите домови во текот на тие молитви”.

Обичен француски државјанин, кој ја гледа исламизацијата на Париз одлучил дека е потребно светот да види што се случува во неговиот град. Тој користи скриена камера и ги објавува видеата на Јутјуб. Но неговиот живот заради тоа е во опасност и тој го користи псевдонимот на „Максим Лепанте“.

Иако француската влада води битка со муслиманите заради забраната на бурката, во други сегменти француската влада продолжува да обезбедува на исламот повластен статус.

Погледнете го видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top