| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата на Борусија Менхегладбах продолжува, Баерн и со пола тим славеше на гости (видео)

SV Darmstadt 98 vs FC Bayern Munich

Германскиот шампион Баерн Минхен, продолжува со својата доминација во Буденслигата откако во петтото коло славеше на гостински терен кај Дармштад со 3-0. Тренерот на „баварците“ Пеп Гвардиола се одлучи овој натпревар да го одигра со половина сили бидејќи ги остави на клупата повеќето првотимци на тимот. Шпанецот реши да го ротира тимот, па покрај повредените Робен и Рибери денеска ги немаше ниту Левандовски, Чаби Алонсо, Тијаго, а Милер влезе во игра во второто полувреме. Сепак, и со таков комбиниран состав чиј напад беше предводен од Геце.
Тоа не беше проблем за Геце и другарите да дојдат до нови три бода и да се зацврстат на врвот на табелата со максимални 15 бода три повеќе од Борусија Дортмунд кој својот натпревар го игра утре.
Артуро Видал со еврогол го доведе Баерн во водство, а во вториот дел на сцена стапи Роде, кој најпрвин му асистираше на Конан за 0-2, пред самиот да ги постави конечните 0-3 на оваа средба.

Третиот тим од минатата сезона, Борусија Менхенгладбах продолжува со очајните резултати бидејќи и во ова коло нанижа уште еден пораз и сега убедливо е закована на последното место на табелата. Келн со голот на Модесте во 64 минута ги сруши надежите на Борусија за првите бодови сезонава.

Резултати Бундеслига:

Вердер – Инголштад 0-1, Волфсбург – Херта 2-0, Дармштад – Баерн 0-3, Келн – Борусија М. 1-0, Хамбургер – Ајнтрахт 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top