Зоран Заев како претседателот на СДСМ, неодамна во телевизиско интервју најави дека опозицијата ја научила лекцијата и дека сега ќе пишува програма заедно со граѓаните, водејќи сметка исклучиво за нивните потреби. Денеска во хотелот Капри во Битола, пишува Прес 24, мала група на партиски функционери на СДСМ, на чело со Зоран Заев, повторно го демантира токму тоа што го најави самиот Заев. Повторно зад затворени врати, тајно, од неколку партиски активисти однапред се пишува нешто што ќе го наречат програма, која уште еднаш ќе им се сервира на гласачите како готов производ, а подоцна СДСМ ќе се обидува да одглуми некаква транспарентност или отвореност, која секако нема да биде искрена.
Она што е дополнително контроверзно, што и покрај упорното тврдење на Зоран Заев дека СДСМ е хомоген и сплотен, и дека речиси сите поранешни искусни пратеници се активно вклучени во изготвување на програмата, за брзо време е демантирано. Во Битола, ги нема ниту поранешниот потпретседател на Собранието, Јани Макрадули, кој патем потекнува од Битола и во неколку наврати беше носител токму во оваа Изборна единица, ниту пак поранешниот потпретседател на партијата и пратеник, Гордан Георгиев, ниту поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите, Игор Ивановски, ниту поранешниот портпарол на СДСМ, кој исто така беше и пратеник, Емилијан Станковиќ, ниту поранешните пратеници од овој град, Весна Бендевска и Менде Диневски, кои наводно сите биле активно вклучени во изработката на програмата, што очигледно е уште еден обид за создавање на некаков привид во јавноста дека Зоран Заев ужива голема подршка во партијата, додава Прес 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


