Додека Галатасарај се подготвуваше за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампиони, четириесетина најжестоки навивачи на турскиот клуб се обидоа да упаднат во просториите на турската телевизија Бејаз затоа што во спортска емисија што била емитувана претходно се прогнозирала победа на Реал Мадрид против нивниот миленик на Сантиаго Бернабеу.
Навивачите револтирани од тоа што го чуле, се упатиле кон телевизијата во 2 часот по полноќ, но не успеале да влезат внатре и покрај жестоката пресметка со чуварот. Цената на кобната прогноза на крајот ја плати човекот од обезбедувањето кој со тешки повреди е пренесен во болница.
Инцидентот бил снимен од безбедносните камери на телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


