| четврток, 6 декември 2018 |

Кака: Мечот против Манчестер јунајтед вечно ќе го паметам!

kaka i ronaldo

Поранешната голема ѕвезда на Милан и Реал Мадрид кој со огромен успех го носеше дресот и на бразилската фудбалска репрезентација, Рикардо Кака во интервију за шпанска „Марка“ се потсетува на најдобрите моменти во кариерата.

– Цел живот ќе се сеќавам на натреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите во 2007 година. Тоа беше магична ноќ, бев во најдобра форма, дадов се од себе, постигнав два гола од кој едниот беше магичен – изјави Кака

Бразилец нема дилеми кој е најдобриот фудбалер со кого имал можност да игра во својата богата кариера.

– Најдобриот играч со кого што сум играл е Роналдо. Имав можност да играм и со Кристијано Роналдо, Малдини, Сидорф, но Рони е единствен и најдобриот фудбалер што сум го видел – изјави Кака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top