Најголемиот меѓу најголемите, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед кој ја понесе и титулата „Сер“ Алекс Фергусон, ја заврши својата тренерска кариера во 2013 година. Тој по повеќе од две години откри зошто ја завршил богатата кариера која траеше цели 26 години на клулата на „црвените ѓаволи“.
Тој во манир на голем човек, за ја заврши кариерата со освојување на титулата во 2013 година.
Популарниот „Ферги“ посакал да поминува повеќе време со својата сопруга Кејти, по смртта на нејзината сестра близначка Бриџис Робертсон.
– Дефинитивно можев да продолжам. Имам енергија и мотив. Но една вечер кога се вратив дома ја видов сопругата како гледа телевизија. Гледаше во празно…Знаев дека и е многу тешко. Сепак изгуби сестра билзначка. Беа премногу поврзани. Кога и реков дека овојпат стварно заминувам во пензија, не се противеше, го посакуваше тоа – изјави Фергусон.
Славниот тренер е во брак со Кејти од 1966 година.
– Кога ја донесов одлуката не се претворив во стар пензионер. Имам добри предизвици и тоа ме прави среќен. Сега повеќе време поминувам со својата сопруга, патуваме заедно. Предавам на Харвард, Директор и амбасадор сум во Јунајтед, а работам за Уницеф и УЕФА. Патувам со екипата и ги гледам натпреварите – заврши Фергусон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира