Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Сопиште.
Според владината служба за информирање, Груевски ќе изврши увид во градежните активности за изградба на канализација за село Сопиште и локалитетот „Сончев град“, каде ќе има средба со жителите на село Сопиште. Ќе изврши увид и во санацијата на спортска сала во општинското основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци и ќе има средба со жителите селото Ракотинци, а ќе се запознае и со текот на изградбата на спортско игралиште во село Добри Дол, каде исто така ќе има средби со жителите.
Најавени се средби и со жителите на село Чифлик, по што ќе следи увид во градежните активности за изградба на спортско игралиште во село Света Петка, како и средба со жителите на селата Света Петка и Држилово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.