По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Луна парк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет портали, победничкиот тим „Лунар”, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд.
Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд Урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија.
Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, флаери), земајќи в предвид дека на сето тоа во иднина следи доработка и прецизирање.
Текстуалното образложение го споделуваме во оригиналната форма, како и панелите приложени на конкурсот.
Месечината овозможува брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен, лесно вклоплива во графичките помошни средства (лого, мапирање, билети, флаери и постери).
Административниот објект е поставен аголно во Југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Од тука движењето се усмерува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи не на месечевото обликување.
Реквизитите се организирани зависно од тоа дали се од детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип. Користејќи го негативното искуства на возот од досегашното решение со цел ослободување површина за дополнителни содржини, го подигнуваме на столбови.
Покрај содржините и реквизитите кои се во пракса во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна Парк„ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, небесните тела, астрономијата, низ активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3D проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања, и кино-салата.
Во обликувањето на паркот, влијаеа и анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината, претставувајќи го животот поблиску до небесните тела.
Оттука потекнува идејата за набљудувачка кула која покрај ресторанот, употребена и за контролен простор во служба на поефикасно функционирање на паркот.
Размислувајќи за неискористеноста на потенцијалот на пошироката околина, се решаваме за дополнителен предлог за анимирање на две активности вон границите на забавниот парк.
Првата е воденото поврзување со каналната мрежа во Градскиот Парк. Целта е да се употреби истата за педалински сообраќај и рекреација, која е возможна преку поврзување со крак и подигнување на два моста. Таа траса е битна за да се стигне до големото езеро, поставено во центарот на паркот.
Втората активност е поврзана со возот, за кој предлагаме линијата на движење да продолжи низ целата површина на градскиот парк, овозможувајќи разглед и престој во „урбаната шума”
Значајно за овие две активности е тоа што тие еколошки не го загрозуваат паркот ниту уништуваат од постоечкиот флорален фонт, а учествуваат во негова анимација. Педалинките не користат горива, додека трасата на возот се оформува низ слободните површини, не наложувајќи сеча на вертикално зеленило.
Ваквиот парк и неговата реализација е возможна во етапи, притоа останува атрактивен и привлечен за посетители во континуитет во процесот на реализација. Со сигурност може да придонесе за градската забава и туристичката понуда.
Сепак, Луна Парк е скопски бренд , нераскинлив дел од неговото живеење, но одамна заборавен. Да го возобновиме достоинствено!”
Извор: marh.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ексклузивно видео: Вака ќе изгледа новиот луна-парк (видео)
-
Се демонтираат вртелешките што вртеа 40 години: Започнаа градежни активности за новиот луна-парк
-
Нема да се уништува зеленило – Луна паркот во Скопје ќе се гради на постојната површина!
-
Атракцијата „слободен пад“ во новиот забавен парк во Скопје