| четврток, 6 декември 2018 |

Се демонтираат вртелешките што вртеа 40 години: Започнаа градежни активности за новиот луна-парк

Започнаа градежни активности за новиот луна-парк. На терен, работниците поставуваат ограда околу просторот на кој ќе се работи, а се демонтираат и старите реквизити кои се во употреба повеќе од 40 години.

Екипи на фирмата „Жикол“ почна со подготвителните градежни активности и во моментот се формира градилиштето и се расчистува теренот за натамошните работи .Градските власти потенцираат дека забавниот парк ќе се протега на истата површина од речиси 24.000 квадратни метри како и досега. Според најавеното, се очекува новиот забавен парк целосно да биде завршен до крајот на следната година.

Реализација во фази Се очекува реализација на целиот забавен парк да чини 400 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Набавката и изведбата на првите седум реквизити се дел од првата фаза. Треба да се постават 26 реквизити за возење и забава, меѓу кои 2 адреналински, 6 семејни и 18 детски.

Според детаљниот урбанистички план „Централен градски парк – блок 3“, парцелата на забавниот парк е на истото место како „Луна-паркот“, а има зацртана површина од 84.040 квадратни метри со намена парковскоистото место како „Луна-паркот“, а има зацртана површина од 84.040 квадратни метри со намена парковско зеленило, спорт и рекреација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top