Повеќе од 95.000 војници учествуваат во вежбите на простор од Волга до Сибир.
Ова воедно се најголемите воени вежби од завршувањето на Студената војна.
Русија заедно со своите регионални сојузници ги започна големите воени вежби под назив „Центар 2015“ кои ќе се одржуваат од Волга па се до Сибир.
Од руското Министерство за одбрана информирале дека воените вежби се одржуваат многу често во последно време.
Само минатиот месец биле одржани речиси 80 воени вежби и ненајавени инспекции кои ја проверувале подготвеноста на вооружените сили.
Во актуелните воени вежби за кои се вели дека се најголеми од крајот на Студената војна ќе учествуваат над 7 илјади оклопни возила и тенкови, 170 воени авиони и 20 воени бродови. Големите воени вежби на руската војска ќе траат до 20-ти септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.