Андреј Жерновски е избор на Љубчо Георгиевски, а не на СДСМ. Незадоволни членови на најголемата опозициска партија за „Сител“ велат дека лидерот на ВМРО-Народна му дал јасен услов на Црвенковски за поддршка на изборите, Жерновски да биде канидат за Центар. Доброупатените велат дека ваквата позиција на Георгиевски, кој беше еден од главните финансиери на кампањата на „Сојузот за иднината“, воопшто не изненадува. Според нив, Жерновски и Георгиевски имаат заеднички интереси во градежниот бизнис, а општина Центар е просторот во кој од градежништво се прават највеќе пари.
Затоа Жерновски и Геогиевски ја формираат коалицијата „Пелистер“ и заеднички го условуваат Црвенковски за поддршка на изборите, а во замена му нудат пари за финансирање на кампањата и дел од евентуалната идна заработка од бизнисите со изградба на згради доколку Жерновски победи во Центар.
Дека матните бизниси не се ништо ново за Андреј Жерновски, „Сител“ објави уште пред една недела откривајќи дека со години кандидатот на опозицијата за градоначалник на Центар се богател на грбот на болните, кои паркирале на паркингот на скопските клиники, кој тогаш го раководела фирма регистрирана на неговата домашна адреса.
Ова е извод од Централниот регистар на кој јасно се гледа дека фирмата „Венекс“, која стопанисуваше со паркингот на скопските клиники, е регистрирана во станот на улицата Партениј Зографски, број 19. Дека станува збор за стан во сопственост на Андреј ЖЕрновски покажува овој купопродажен договор, преку кој Жерновски, луксунзниот стан на Водно го купува токму од фирмата „Венекс“ во 2007 година. За да биде случајот уште поскандалозен, кандидатот на опозицијата за општина Центар, за стан од 91 квадрат, без ДДВ, платил само повеќе од 60 илјади евра или по околу 680 евра за квадратен метар.
Познавачите на состојбите во бизнисот со недвижности велат дека е надвор од секоја пазарна логика стан на Водно да се продава за толку ниска цена и се сомневаат дека станува збор за фиктивен договор. Според нив, на крајот од 2007 година, кога Жерновски го купил станот, цените за квадратен метар во овој дел од Скопје надминувале 1.200 евра.
Инаку, фирмата „Венекс“, која му го продала станот на Жерновски важи за компанија блиска до Ристо Пенов, кој во тоа време беше скопски градоначалник, а актуелниот кандидат на опозицијата за Центар му беше советник, објави „Сител“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


