Популарниот хрватски водител Оливер Млакар (80), кого македонската јавност го препознава по популарниот квиз „Квискотека“ и кулинарското шоу „Малите тајни на големите мајстори на готвење“ деновиве е во Скопје, каде што учестува на првата регионална конференција за храна „Фуд ток Македонија“.
Со Млакар поразговараме на Матка каде што денеска се одржува конфренцијата за храна. Одушевен е од кањонот Матка, првпат го посетува иако неколупати бил гостин во нашата држава. Повозразните го паметат како одличен водител во квизот на знање.Со големиот готвач Стево Карапанџа повеќе од три децении го водеа кулинарското шоу што се емитуваше на „ТВ Загреб“. Признава дека не научил многу тајни во готвењето, но, сака понекогаш и тој да експериментира во кујната.
– Не знаев дека постои Матка. Ова место е дар од господ. Прватпат сум тука, се надевам дека не е и последен – вели Млакар во интервју за „Република“.
Тој денеска на Конференцијата за храна ќе говори за своите искуства во гастрономијата.
– Моето искуство со готвењето не е многу значајно, ниту, пак, имам големо искуство со приготвување храна. Но, долго време работев во кујната на „Вегета“ со Стево Карапанџа – вели Млакар.
„Малите тајни на големите мајстори на готвењето“ беше прво телевизско кулинарско шоу на просторите на поранешна Југославија.
– Тоа беше емисија што ми даде можност да се изразам како водител и да се дружам со еден толку способен готвач како Карапанџа. Од него научив нешто за готвењето, нешто се обидов и самиот да зготвам, но никогаш не беше толку добро јадењето како што тој знаеше да го зготви. Мислам дека добар кулинар е тој што има голема вештина од кулинарството да направи вистинска уметност – вели Млакар.
Популарниот Хрват признава дека не ја познава најдобро македонската кујна.
– Знам дека Македонија е земја во која се одгледува прекрасен зеленчук, а тоа е тоа што е многу здраво. Што е македонската сала? Пиперки и домати. Е тоа е многу добро – вели Млакар.
Омилено јадење на Млакар е риба.
– Многу ја сакам медитеранската кујна. Сакам да јадам риба и уживам во медитеранската кујна – вели Млакар, кој иако одамна е во пензија, постојано работи и се посветува на своето хоби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)