| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсено лицето што подготвувало атентати во концертни сали во Франција

полиција

Едно лице што било уапсено минатиот месец од страна на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) се верува дека сакало да изврши напади во концертни сали во Франција, откри утрово телевизијата БФМ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, лицето е уапсено и обвинето на 15 август, станува збор за Французин, кој веќе бил во Сирија во мај минатата година, каде што, наводно, му било наредено да изврши напад во концертна сала.

За време на неговиот трет ден од притворот лицетот ги признало своите намери, според БФM ТВ. Тој, признал дека ја посетил Сирија во Рака, упориште на Исламската држава во мај 2015 година, место каде што му беше наредено да извршат напад.

Наводно, осомничениот поминал шест дена во Сирија. Ранет во ногата од граната, тој се преселил во Франција преку комплициран пат: Газиантеп – Истанбул – Варшава – Прага – Амстердам и Париз. Тој е непознат за разузнавачки служби, никој не не го забележал неговото враќање.

Еден шпански џихадист уапсен во друга европска земја, кој го дава неговото име при сослушувањето и и дозволува на ДГСИ да го уапси на 11-ти август. Осомничениот се уште немал избрано датуми или местото на нападот. Тој се уште не купил ниту оружје. Но, иследниците веруваат дека неговиот план е доволно сериозен за да го уапсат. Според информациите од Фигаро, во Франција неделно се апси по едно лице за ваков вид на случаи, без притоа фа биде информирана јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top