Модната дизајнерка, Викторија Бекам се подложи на ласерски третмани за повлекување тетоватажа што ја посветила на својот сопруг Дејвид Бекам.
Имено, таа на грбот имаше истетовирана реченица на хебрејски: „Јас припаѓам на мојот сакан и мојот сакан ми припаѓа мене“.
Ова не е единствена тетоважа што ја полече во текот на изминатите месеци. Беше повлечена и датумот на обнова на нивните брачни завети, кои ги истетовирала во 2006 година на зглобот на раката, но и фразата „повторно од почеток“ на латински.
Сепак, според некои ова нема никаква врска со нејзиниот сопруг, туку сака колегите од модната индустрија да сфатат сериозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.