Вистинско чудо се случи вечерва во вториот дел од програмата во фудбалската Лига на Европа, а домаќините не успеаја да победат на ниту еден од осумтте натпревари.
Во првиот круг од 16-финалето во ова натпреварување гостите забележаа две победи, а на останатите 6 дуели немаше победник. Салцбург неочекувано лесно го декласира Ајакс во Амстердам со 3-0, а целото коло го одбележа прекрасниот гол на Џонатан Соријано од половина терен. Со тој погодок Салцбург поведе со 3-0, а истиот играч постигна уште еден гол, првиот на мечот од пенал.
Сензација во Рим направи бугарскиот преставник Лудогорец со победа над Лацио од 1-0. Безјак го одлучи натпреварот во 45 минута, а претходно гостите промашија пенал. Дјаков кој утна од белата точка подоцна бешпе исклучен, а и Лацио промаши пенал, за потоа и Каванда да добие црвен картон. Два промашени пенали, две исклучувања и само еден гол е целата приказна од вечерва во Рим, каде Лудогорец ја продолжи чудесната одисеја во Европа Лигата.
Останати резултати од дуелите што се играа од 21,05 часот: Бетис – Рубин Казањ 1-1, Макаби Т. Авив – Базел 0-0, Свонси – Наполи 0-0, Марибор – Севилја 2-2, Порто – Ајнтрахт Франкфурт 2-2, Плзењ – Шахтар Доњецк 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


