| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ги затвори границите, хуманоста траеше два дена

hrvatska granica222

Хрватската хуманост траеше два дена. Хрватска од полноќ затвори седум гранични премини кон Србија. Претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китановиќ повика за претпладне Совет за безбедност незадоволна од реакцијата на службите. Бегалците од граничниот премин Хоргош, на српско-унгарската граница, сè уште со автобуси масовно заминуваат кон Шид на границата со Хрватска.

Иако граничните премини се затворени, на хрватските власти не успеале да го запрат влезот на бегалци. Медиумите јавуваат дека стотици луѓе ноќеска влегле во Хрватска преку полињата во близина на границата.

Според српскиот Автомото сојуз, на границата меѓу Србија и Хрватска отворен е само граничниот премин Бачки Брег, а од 7 до 19 часот отворени се и премините Ѓала и Бајмок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top