| четврток, 6 декември 2018 |

„Рено“ – официјален превозник на „Браќа Манаки“

IMG_8261

„Рено“ (Renault) e официјален превозник на годинашното 36. издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки”.

Препознатлив по својата наклонетост кон киното, телевизиската и филмската продукција повеќе од 100 години, на светско ниво „Рено“ е партнер на најголемите фестивали вклучувајќи го Канскиот фестивал, Фестивалот во Лион и многу други.

IMG_8310

– За „Аутомотив груп“, комбинацијата на престиж и на гламур на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ има важна улога во промовирањето на новите модели. Оваа година решивме „Рено“ да го претстави својот најнов кросовер „рено кадјар“ (Renault Kadjar), кој ќе биде изложен пред Центарот за култура во Битола. „Кадјар“ е извор на инспирација и се карактеризира со софистицираност, елеганција, доверливост, а истовремено и спортски дух во која ќе се уверат и ќе ја уживаат ѕвездите Бруно Ганц и рускиот актер Алексеј Серебрјаков за време на своето гостување – вели Симона Николовска, лице за односи со јавноста во „Аутомотив груп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top