| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон очекува близнаци (ФОТО)

jennifer-aniston-pregnant-twins-02

Четириесет и шестгодишната актерка по неколку обиди за вештачко оплодување, конечно ќе стане мајка. Џенифер Анистон очекува близнаци, пренесува „ОК“, кој на насловната страница го има и првиот ултразвук.

Актерка наводно ги открила среќните вести само неколку недели по венчавката.

– Му зготви романтична вечера, а потоа му најави големо изненадување. Потоа му ги покажа резултатите. Тој беше преполн со емоции, всушност, малку и заплака. Џенифер беше пресреќна од реакцијата – вели изворот за најновиот број на магазинот.

dzenifer-aniston-na-46-godini-e-bremena-so-bliznaci-02

 

Според магазинот двете бебиња се женски, а наводно на Џенифер и се допаѓаат имињата Ава и Лила.

Анистон е во третиот месец од бременоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top