| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ја прошири контролата и на границата со Чешка

герман

Германија ја прошири контролата на границата и со Чешка за да го запре криумчарење луѓе и подобро да се справи со приливот на бегалци, соопшти денеска портпаролот на федералната полиција Кристијан Мајнхолд.

– Полицијата почна да ја контролира границата доцна синоќа на автопатот А17, кој ја поврзува Саксонија, на истокот на Германија, со Чешка- рече портпаролот Мајнхолд.

Мајнхолд наведе дека од синоќа уапсени се четири шверцери.

Истовремено е соопштено дека вчера во Германија влегле 9.100 бегалци, што е за 3.100 повеќе во однос на претходниот ден.

Како што се наведува, речиси сите влегле од територијата на Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top