– Единствениот начин да се врати вербата и довербата во институциите, легитимитетот во парламентот и пратеничката функција е народот повторно да одлучува на парламентарни избори – изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски вечерва во Штип на „Маршот за слободата“ на коалицијата Сојуз на иднината предводена од СДСМ.
Тој обвини дека власта на 24 декември, кога настана инцидентот во Собрание, го прекршила Уставот, законот, деловникот за работа на Собранието.
-На шверцерски и криминален начин го донесоа буџетот само за да можат да ги трошат народните пари без никаква контрола. Само за да можат да продолжат да ја задолжуваат оваа земја и овој народ. На 24 декември во црниот понеделник применија брутална полициска сила среде парламент пред целата македонска и меѓународна јавност претепаа народни пратеници и избраници. Тепаа хероите и патриотите од ВМРО-ДПМНЕ жени среде Парламентот. А за да го скријат срамот претходно ги избркаа новинарите од парламентот. И денес се молат пред Бога се да се заборавело, ништо не се случило, да сме се врателе во парламентот, да сме ги почитувале институциите. Кои црни институции црн Никола? Тие институции ти им го одзеде и легитимитетот и кредибилитетот, тоа не е веќе народен парламент, туку партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ каде вие правите што сакате – изјави Црвенковски.
Се обрати и пратеничката од СДСМ, Маринела Тушева, која пред сограѓаните обвини дека Никола Груевски се обидува на пристоен начин да им подметне непристоен предлог.
-Не ги прифаќаме неговите чеда сурови закани корумпирање на се’ живо, банкрот држава, клептомански навики, заплашување на сопствениот начин, сурово тепање на пратеници и сопствениот народ, е па нема Никола, не поминува – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


