| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на германската служба за миграција и бегалци поднесе оставка

Шефот на германската служба за миграција и бегалци Манфред Шмит, поднесе денеска оставка. Службата во последно време беше критикувана за бавното обработување на барањата за азил на рекорден број кандидати, соопшти германското МВР. ­

Migrants in FYROM

– Претседателот на службата побара да биде ослободен од функцијата поради лични причини и министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер му ја прифати оставката, соопшти Министерството.

Шмит е шеф на службата од 2010 година.

Во моментот за обработка чекаат над 250.000 барања за азил. Премиерот на покраината Рајнланд­-Пфалц, Марија Луизе Драер, оваа седмица истакна дека додека во Швајцарија обработувањето на барањата се извршува за 48 часа, во Холандија за 11 дена, во Германија тоа се случува за повеќе од пет месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top