Поранешниот секретар на Норвешкиот комитет за доделување на Нобелова награда Геир Лундестад изјави дека наградата за мир на Барак Обама не ги исполни очекувањата на Комитетот.
На актуелниот претседател на САД Нобеловата награда му беше доделена во 2009 година.
Лундестад во книгата која ќе биде објавена денеска напиша дека Комитетот очекувал дека доделувањето на Нобеловата награда за мир ќе му биде поттик на Обама, пренесе агенцијата „АП“.
– Дури и многу почитувачи на Обама веруваат дека тоа беше грешка. Во таа смисла Комитетот не го постигна она за што се надевал – изјави норвешкиот историчар.
Лундестад минатата година се откажа од местото секретар на Норвешкиот комитет кој ги избира добитниците на Нобеловите награди. Секретарот на Комитетот нема право на глас.
Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Обама наиде на критики и во САД, каде што многумина тврдеа дека тој не е доволно долго претседател за да биде достоен за таа награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Нобел под микроскоп: Сопруг на членка на Нобеловиот комитет откривал имиња на добитници
-
Зошто Тито никогаш не доби Нобелова награда за мир?