Изборната трка во недела е втор референдум за иднината на Грција, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас на предизборен митинг во градот Патрас.
– Битката на 20 септември е вториот голем референдум за иднината на нашиот народ и нашата земја. Во недела гласаме против враќањето на старата статус кво на потчинетост, зависност, корупција и лични интереси – истакна Ципрас.
Тој ги повика гласачите да ја отфрлат Нова демократија, која, според него, во најдобро светло го претставува „системот на личните интереси и зависноста од конзерватизмот и олигархијата“.
Ципрас, исто така, истакна дека резултатите од изборите ќе одлучат за владата во следните четири години, а затоа луѓето мора да ја изберат Сириза, за да можат да имаат своја влада во понеделник. Тој, исто така, ги повика сите гласачи да учествуваат на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори