Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 3.15 часот во близина на селото Ваксинце, соопштија утрово од кумановската полиција.
Несреќата се случила кога 31-годишната државјанка на Албанија Е.П.,управувајќи моторно возило „форд“ со албански национални ознаки се движела од Лојане кон Куманово, по што кај железничкиот премин во близина на Ваксинце загубила контрола, удрила во бетонска куќарка, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален уред.
Е.П по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите е пренесена од кумановската болница и е префрлена во Ургентен центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун