Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со министерот за здравство, Никола Тодоров, и заменик министерот за образование Спиро Ристовски, денеска присуствуваа на промоцијата на лабораторија за ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.
Инвестицијата за лабораторијата, како владин проект преку Министерството за образование, изнесува околу 15 милиони денари.
– Лабораторијата веќе се користи и дава добри резултати. Лекарите ни појаснија кои се начините, како ја користат и сите бенефити од неа. Се радувам што она што го ветувавме претходно на изборите и во нашата програма сега веќе се користи, ставено е во употреба. Стотици граѓани го користат, некои со успех, а некои и понатаму очекувааат успех – изјави по посетата на лабораторијата премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.