| четврток, 6 декември 2018 |

Моги побегна од војната во Сирија и сонува да игра во Бундеслигата (видео)

Мохамад Џаду е само еден од илјадниците бегалци од виорот на војната во Сирија, но тој е посебна и многу емотивна приказна. Се уште е тинејџер, има само 17 години и беше капитен на јуниорската репрезентација на Сирија, а сега се наоѓа во избеглички камп во Германија.

mogi

Беше принуден да ги остави своите браќа и мајката во Сирија и преку Турција со многу мака да пристигне во Германија. Раководството на Бундеслигашот Баер од Леверкузен му вети дека ќе го прими во својата фудбалска Академија, Моги беше на тест и ги задоволи фудбалските вкусови, но сега проблем се документите. Ја нема потребната документација за да биде регистриран како член на Баер Леверкузен. Дотогаш Џаду ќе биде во камп, барем е на сигурно, а сонува еден ден да настапи за Баер, потоа и за Реал Мадрид, по можност во истиот состав со неговиот голем идол Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top