| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ќе одвои 600 милиони евра за прифаќање на бегалците

Државниот секретар за буџет во француската Влада, Кристијан Екер најави дека за прифаќањето на бегалците Франција во 2016 година ќе оддели 600 милиони евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

migranti francija britanija

 

Државниот секретар не беше многу прецизен дали оваа сума се однесува само за бегалците или и за земјоделците, како нов товар за буџетот на државата.

Попладнево францускиот премиер Мануел Валс ќе треба да го образложи планот за прифаќање на бегалците за време на веќе контрозверната дебата која е предвдиена во Националното собрание и Сенатот.

Меѓу најавените мерки е и зголемувањето на капацитетит на центрите за прифаќање на баратели на азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top