Голманот и капитен на Јуветус, легендарниот Џиџи Буфон по натпреварот со Манчестер Сити во премиерното коло од Лигата на шампионите оваа сезона, изјави дека е пресреќен од резултатот и победата на гостински терен (2-1), а се наврати и на летниот преоден рок кога „граѓаните“ со сите сили се обидуваа да го доведат Пол Погба во своите редови.
– Манчестер сити е еден од трите или четири клубови во светот кој може да плати ’луди’ пати за фудбалер, но не успеаја да го убедат Погба. Се покажа дека парите не победуваат секогаш – изјави Буфон.
Стрелци на головите за Јувентус беа Манџукиќ и Мората, а токму Погба беше најзаслужен за израмнувајчкиот погодок кога како на „тацна“ го послужи хрватскиот интернационалец на кого не му беше тешко од само неколку метри да ја затресе мрежата на Харт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.