Ресенската полиција уапсила прилепчанец кого го сомничи за ланската кражба на сефот на Хаџи Муратовата џамија во Ресен.
Полициската станица во Ресен поднесе кривична пријава за З.Т.(39) од Прилеп за кривично дело тешка кражба.
На 14/15 семптември лани во Ресен на улица Јосиф Јосифовски, пријавениот со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во верски објект – Хаџи Муратова џамија, при што од метален сеф одзел 312.482 денари, 14.415 евра, 1.920 шведски круни, 175 американски долари, 120 австралиски долари и 20 швајцарски франци.
Истражен судија му одреди притвор во траење од 30 дена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.